SHCC 300 Green Line

SHCC 300 Green Line

Super Heavy Cut Compound 300 Green Line - VOC FREE   (250ml.)


Super Heavy Cut Compound 300 Green Line е новата линија од Мензерна преставена во 2018 год. Овој производ VOC FREE - Green Line ги исполнува најстрогите стандарди DIN EN ISO 11890-2 и не содржи агресивни и токсични соединенија на база на солвент, видно од пакувањето каде за прв пат не постојат предупредување за забрана или токсичен знак за користење на овој производ.

Super Heavy Cut 300 Green Line има моќ на екстремно брзо отклонување на брузни траги од П 1200 /1500 и висок сјај во крајната фаза. Оваа формула не содржи силикон и не создава прашина, се одликува со висока ефикаснот во потрошувачка, перформанси и заштеда на труд. За разлика од Heavy Cut 400 Green Line, ова соединение има за 15% повисок степен на абразивност и нијанса помал сјај, додека вискозноста на прозиводот е идентичен.

Super Heavy Cut 300 Green Line е препорачливо да се работи со Premium Heavy Pad сунгер од програмата на Мензерна, како и Lamb Wool волната на ротациона или орбитална машина за максимално добар резултат.

Мензерна со оваа линија постави нови стандарди во производството на пасти и соединија кои се разликуваат од останатите и се без било какви токсични хемиски соединенија. 


Пакување 250ml.


                                              

Напишете коментар или оценка

Забелешка: HTML-от не е преведен!
    Лош           Добар

  • Прегледи: 1536
  • Производител: MENZERNA
  • Код: SHCC 300 Green Line
  • Достапност: На залиха
  • 850 MKD
  • Без данок: 720 MKD