Услови за користење
Ве замолуваме да го прочитате следниов текст внимателно! Секое ваше користење на интернет страната www.carwash.mk и купувањето на производи или услуги воедно значат дека се согласувате со следниве услови за користење и истите имаат сила на обврзувачки договор склучен помеѓу вас и carwash.mk!
Велмар KEM како креатор и сопственик на carwash.mk интернет страната ви дава право да ги разгледувате сите материјали кои се публикувани во неа само за лична употреба, со нетрговска цел, под услов дека ги почитувате сите авторски права и соодветните ознаки. Не се дозволува материјалите на оваа страна да се променуваат на некаков начин, ниту да бидат копирани, јавно распространувани или разделувани за каква и да било општествена или трговска цел. Забранета е и нивна публикација на други веб страни, освен со претходно обезбедена писмена дозвола од страна на carwash.mk. Материјалите на оваа страна се под заштита на Законот за авторско право и други права и секоја недозволена употреба може да биде нарушување на авторското право, права врз трговски марки и други законски одредби.
Општи услови
1. carwash.mk може да промени или повлече било кој дел од carwash.mk интернет страната, или може да одбие пристап до страната во било кое време доколку смета дека е неопходно.
2. carwash.mk исто така може да го раскине овој договор и веднаш да прекине, одложи или да забрани пристап до carwash.mk интернет страната во случај на било какво непочитување на овие услови за користење.
3. carwash.mk делува во свое име и за своја сметка, а не во ваше или име на трети лица.
4.Доколку carwash.mk не применува било кој услов од овој договор, тоа нема да значи дека истиот постојано нема да се применува.
5.Во случај било кој дел од овие услови за користење се покаже како неприменлив, тој дел колку што е можно ќе се толкува на начин да ги одразува намерите на договорните страни, а останатите делови ќе се применуваат во целост.
6.Овие услови за користење го сочинуваат целиот договор помеѓу вас и carwash.mk и истите може да се променат само во писмена форма. Истите исклучуваат секакви други услови или околности.
7.Користењето на carwash.mk и овие услови за користење се под надлежност на судовите на Република Македонија и македонското законодавство.
Купување од carwash.mk
1.Кога правите нарачка на www.carwash.mk вие се согласувате производот што сте го одбрале да го платите по цената што е означена за тој производ на интернет страната, а што е предмет на овие услови за користење.
2.Кога ќе ја завршите нарачката, ќе добиете потврда на е-маил дека вашата нарачка успешно е примена. Оваа потврда на нарачката се генерира автоматски, со цел вие да имате потврда дека вашата нарачка е примена.
3.Некои производи можат да бидат отстранети од продажба во било кое време без претходна најава. Доколку одредена нарачка не е доставена на корисникот или производот повеќе не е на залиха, а корисникот веќе ја извршил уплатата, carwash.mk целосно ќе ги рефундира средствата уплатени од корисникот, или на неговата сметка ќе додаде соодветен број на наградни поени со претходна согласност на корисникот.
4.Секоја нова нарачка се смета за посебна од претходните и се третира индивидуално.
Цени
1.Цената за секој производ е прикажана на интернет страната carwash.mk и во неа е вклучен ДДВ од 18 %.
2.Ние секогаш настојуваме цените кои се прикажани на интернет страницата да бидат точни, меѓутоа не исклучуваме можност за појава на грешки.
3.Сите цени се изразени во денари.
Плаќање
Опцијата плаќање ќе ви биде достапна само во случај кога количините од нарачката ќе ги има на залиха, во спротивно може да не контактирате за достапноста на производот.
Плаќањето можете да го направите на три начина, преку избор на видот на плаќање и тоа:
- Платежна картичка MasterCard, Maestro, Visa) - Трансакцијата при наплаќање на производот е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од кредитни картички на НЛБ Тутунска Банка. Порталот користи современа заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција со банката.
- Банкарски Трансфер - по испраќање на вашата нарачка ќе добиете профактура со сите потребни детали за плаќање преку банка.
Доколку плаќате преку e-banking, во интерес на времето можна опција е да ни испратите потврда од банката за вашето плаќање, во спротивно ќе чекаме банката да го направи истото, па потоа да започне процесот на испорака. Вие мора во целост да ја платите вашата нарачка пред производот да ви биде испорачан. Тоа можете да го сторите плаќајќи со дебитна или кредитна картичка или преку уплата во банка. Кога плаќањето се врши со кредитна или дебитна картичка, го задржуваме правото, доколку од околностите истото произлезе, да извршиме дополнителни сигурносни проверки, со цел утврдување на тоа дека лицето кое ја врши уплатата со картичката е навистина сопственикот на истата.
- Плаќање при достава - по комплетирањето на нарачката, плаќањето на цената на производот, вклучувајќи ги и трошоците за испорака (за нарачки со износ под 1000 денари), се врши при предавањето на производот на корисникот.
Сите детали за нарачката и фактурите ќе бидат пратени на е-маил адресата на корисникот.
Достапност
1.Настојуваме да ја одржуваме carwash.mk интернет страната колку што е можно постојано ажурирана, но не гарантираме дека одреден производ секогаш ќе биде достапен. Доколку не сме во состојба да испорачаме одреден производ, а истиот веќе ви е наплатен, од наша страна ќе ви биде рефундиран целосно уплатениот износ на вашата сметка или ќе добиете на вашата корисничка сметка на carwash.mk соодветен број на наградни поени со ваша претходна согласност.
2.Сите производи се достапни се додека ги имаме на залиха. Доколку не сме во состојба да ви испорачаме производ кој сте го нарачале, ќе ве известиме во најбрз можен рок по добивањето на вашата нарачка. Доколку е ова случај, вие може да ја откажете вашата нарачка и уплатениот износ ќе ви биде вратен во најбрз можен рок.
Испорака
1. Испораката на сите производи на целата територија на Република Македонија се пресметува со фиксен трошок за испорака во висина од 99 денари + ДДВ.
2. Со цел вашите нарачки да стигнат безбедно и навремено, carwash.mk соработува со повеќе лиценцирани компании за испорака на пратки на територијата на целата држава.
3. Испораката на производите во градот Скопје[1] се извршува истиот ден, а најмногу во рок од 2 работни дена по добиена потврда од банката за извршено успешно плаќање.
4. Испораката на производите до останатите градови во Р.М. се извршува во рок од најмногу 3 работни дена по добиена потврда од банката за извршено успешно плаќање.
5. Испораката на производите од рубриката "Се има се може" поради нивната екслузивност, може да трае и повеќе од 30 денови, по добиена потврда од банката за извршено успешно плаќање.
6. Во роковите не се засметуваат: сабота, недела, празници или други неработни денови, времето на доцнење поради неточна или непотполна адреса и времето на доцнење поради виша сила или околности за кои carwash.mk не одговара.
7. Производите ќе бидат испорачани на адресата на лицето кое вие сте го навеле како примач, а потврда за наплатата и фактура за купените производи ќе добиете по електронски пат на e-mail адресата на купувачот која вие сте ја навеле.
8. Доколку претставникот за испорака не успее да го најде примачот на наведената адреса за испорака, на наведената адреса за испорака ќе биде оставена писмена информација за направениот обид со контакт информации од испорачувачот и ќе биде направен повторен обид примачот или купувачот да бидат контактирани со употреба на податоците кои се оставени при правењето на нарачката.
9. Ќе ги направиме сите напори за направената нарачка да биде доставена во посочените временски интервали во овие услови за користење, но нема да одговараме за било каква загуба која може да ја претрпите како резултат на задоцнета испорака.
10. Ве молиме нарачките да ги правите во разумен рок со цел да се спречи било каква загуба како резултат на времето на испораката, бидејќи mafra.mk нема да биде одговорен за истата.
Работно Време
1.Интернет продавницата работи 24 часа секој ден во неделата, но доставата на производите не може да се направи во саботите, неделите и за државните празници.
2.Сите нарачки направени во недела или за време на државните празници, ќе се третираат како да се направени првиот следен работен ден, од кога ќе почнат да течат и роковите за достава.
Политика за приватност
1. carwash.mk се обврзува да ја заштити вашата приватност, како и податоците добиени за вас во согласност со оваа политика за приватност.
2. carwash.mk, според прописите за заштита на личните податоци обезбедува тајност и заштита на личните податоци од корисниците кои се регистрираат на веб страната и ги користи исклучиво за интерна употреба. Овие податоци не се достапни до трети лица. Тие нема да бидат продадени, споделени или изнајмени на трети лица во било каков облик. Вие можете во секој момент да пристапите и да ги промените вашите лични податоци оставени на carwash.mk со избирање на линкот Моја Сметка.
3.Не е потребна регистрација за да се разгледуваат производите на оваа веб страница. Регистрацијата е неопходна само при комплетирање на наплатата и тогаш од купувачите се бара да ги внесат следниве податоци: име, презиме, е-mail адреса, корисничко име, лозинка и телефонски број, со цел да се олесни комуникацијата при доставата. Лозинката која корисникот ја избира при својата регистрација се чува шифрирана во базата на податоци и како таква не може да биде прочитана ниту од вработените на carwash.mk.
4. carwash.mk нуди опција одреден производ да го препорачате - споделите со пријател преку страниците на повеќе социјални мрежи. Кај некоја од овие опции можеби ќе биде потребно да ги внесете името, презимето и e-mail адресата од пријателот. Личните податоци на вашиот пријател нема да бидат продадени или споделени со трета страна, но може да биде додаден на листата за добивање информација од нас за новите производи, услуги или промоции за кои сметаме дека може да бидат од заеднички интерес. Вашиот пријател во секое време може да испрати е-mail за отстранување од оваа листа.
5.Доколку одлучите да ја користите опцијата за оставање на коментар треба да знаете дека сите лични податоци оставени таму се јавни и можат да бидат прочитани од други. carwash.mk не е одговорен за приватноста на личните податоци оставени на овој начин.
6.При процесот на наплата carwash.mk ги бара следниве податоци од купувачот: контакт информации и адреса за испорака. Овие податоци се користат за евиденција на нарачките, навремена испорака и за потврдување на соодветната дозволена возраст пропишана со закон за вршење на нарачки и купување на производи. Во моментот на реализацијата на плаќањето со платежни картички, купувачот се пренасочува на заштитена web страна на Тутунска Банка на која ги внесува податоците од платежната картичка потребни за реализација на плаќањето со што carwash.mk не располага со истите.
7. carwash.mk ги чува контакт информациите, адресата за испорака и телефонскиот број на примачите на подароци со цел да обезбеди навремена испорака на подарокот. Овие податоци не се продаваат, споделуваат или изнајмуваат на трети лица, но можат да бидат искористени при промоција на нови производи и услуги за кои сметаме дека може да бидат од заеднички интерес. Примачите на подароци имаат можност да се откажат од добивање на вакви е-mail пораки од carwash.mk во било кое време.
8. carwash.mk користи “cookies” со цел да ви го олесни користењето на интернет страната. “Cookies” се мали датотеки кои привремено се складираат на вашиот компјутер, овозможувајќи и на нашата е-продавница да го препознае вашиот компјутер следниот пат кога ќе ја посетите е-продавницата на carwash.mk. Тие се користат исклучиво за да се приберат информации кои и се потребни на нашата е-продавница. carwash.mk користи IP адреси за анализа на трендовите, администрирање на страната, следење на интересите на купувачот и за собирање на демографски податоци. IP адресите не се поврзани со личните профили. Веб страната ја забележува јавната IP адреса на корисниците. Оваа информација се зачувува, без никакви дополнителни информации околу останатите страници кои корисникот ги посетувал, освен страницата која го довела до carwash.mk (на пример, при користење на пребарувач). Други веб страни кои се обезбедени како линкови на веб страната на carwash.mk не секогаш ги спроведуваат истите политики како и carwash.mk.
9. carwash.mk им препорачува на сите родители и старатели да им посочат на своите деца како безбедно и одговорно да ракуваат со личните податоци на интернет. Малолетниците не смеат да оставаат лични податоци на carwash.mk без дозвола од своите родители или старатели. carwash.mk никогаш нема намерно да земе лични податоци од малолетници, или да ги употреби на било каков начин, ниту пак да ги проследи на трета страна без дозвола од родител или старател.
10.Доколку имате некои прашања што се однесуваат на заштитата на личните податоци и како ракуваме со нив, ве молиме контактирајте не.
11.Доколку има некои промени во нашата политика за заштита на личните податоци, тие ќе бидат објавени во овие услови за користење, на почетната страница и на други места за кои сметаме дека се соодветни.
Политика на поврат на средства по трансакција со платежни картички
1.Поради видот на производи кои се продаваат, carwash.mk не врши поврат на средствата на купувачот, секоја продажба е финална.
Одговорности на carwash.mk
1. carwash.mk направи напори за описите на производите (вклучувајќи ги и сите фотографии) да бидат што е можно попрецизни, но во секој случај треба да ги проверите димензиите на производите на интернет страната или да не контактирате за прецизни големини.
2.Ве молиме да го проверите испорачаниот производ во моментот на неговиот прием, во спротивно, нема да покриеме никакви загуби или оштетувања кои ќе бидат презентирани по моментот на прием на истиот.
3. carwash.mk секогаш ќе ги пружа своите услуги со грижа и внимание, но не дава никакви гаранции и/или осигурувања за услугите на трети лица.
4.Поради природата на интернетот, carwash.mk ја овозможува и одржува carwash.mk интернет страната на “онолку колку што е возможно” основа и не ветува дека користењето на интернет страната ќе биде непречено или целосно без грешки. Во никој случај нема да сносиме никакви материјални или други последици доколку не сме во можност да ги овозможиме нашите интернет услуги од било која причина надвор од наша контрола.
5.Нашата интернет страна содржи врски (линкови) до други интернет страни кои не се под контрола и кои не се одржувани од carwash.mk. Овие линкови се ставени само за да ви бидат од корист, но ние не сме одговорни за содржината на тие интернет страни.
6.Освен како што е опишано во овие услови за користење, не можеме да дадеме никакви други гаранции, услови или рокови, изрични или премолчани, правни или поинакви и истите ги ограничуваме на максималната должина предвидена со закон.
7.Ќе бидете одговорни за било какво прекршување на овие услови за користење од ваша страна. Доколку ја користите интернет страната carwash.mk спротивно на овие услови за користење, ќе одговарате за причинета штета и ќе му надоместите на carwash.mk за било каква загуба или повреда сторена со тоа.
8. carwash.mk нема да сноси одговорност во било каков обем заради неисполнување на било која обврска која произлегува од овој договор доколку таквото неисполнување е резултат на настапување на непредвиден настан надвор од реалните можности за негова контрола, вклучувајќи (без ограничувања) прекин на интернет, прекин на комуникациски врски, пожар, поплава и/или воени дејствија.
9.Ве молиме внимателно прочитајте ги упатствата, прирачниците и други кориснички документи кои доаѓаат заедно со вашиот производ. carwash.mk не е вклучен во производството на производите и нема да дава совети за нивно користење или ракување или пак за насоките на производителите. Ве советуваме сите производи да ги користите внимателно и во согласност со насоките на производителите. Овие услови не влијаат на вашите законски права како потрошувач.
10. carwash.mk (до максималната граница дозволена со закон) исклучува одговорност за било какви директни или индиректни загуби или оштетувања, настанати на било каков начин, вклучувајќи ги и оние кои би произлегле од проблем за кој сте го известиле carwash.mk, и за истите carwash.mk не сноси одговорност да исплати парични средства или компензација, вклучувајќи и одговорност која се однесува на:
· Било какви неточни или непрецизни информации на carwash.mk интернет страницата
· Било какви прекини или одложувања на ажурирање на carwash.mk интернет страницата
· Кршење на авторски права на трети лица сторено од било кој преку користење на carwash.mk интернет страната или преку купување на било производ преку carwash.mk интернет страната
· Било каква загуба или причинување штета како резултат на ваше користење на carwash.mk интернет страната, како резултат на ваше незнаење при користење на страната или како резултат на недозволен пристап или промени на вашите податоци во услови кои се надвор од наша контрола
· Било каква загуба на профит, непотребен трошок, промена или уништување на податоци или било каква загуба, кои не произлегуваат директно од нешто неправилно што ние сме го направиле
· Било какви загуби или оштетувања како резултат на вируси или друг софтвер што може да ја зарази компјутерската опрема, софтверот, податоците или друга опрема на корисникот, предизвикани од лица кои пристапуваат, користат или преземаат од carwash.mk интернет страната, или пак од преноси преку e-mail или прикачени документи или други податоци во e-mail добиен од carwash.mk или од неговите соработници
· carwash.mk не сноси никаква одговорност за достапноста, квалитетот, содржината или природата на други интернет страници на интернет кои се во сопственост и управувани од трети страни (екстерни интернет страници), а до кои carwash.mk има поставено линкови, како и за трансакции на екстерните интернет страни, вклучувајќи и “cookies”, лични податоци, доверливи информации или купување на други услуги. Доколку сте загрижени за таквите линкови, интернет страни или трансакции, треба да го контактирате администраторот или сопственикот на тие екстерни интернет страни.
Како да не контактирате
Доколку ви треба помош при нарачување, информација за производ, потреба за одреден производ, или доколку сакате да ни дадете информација за нашите производи и услуги, ве молиме пишете ни на igor@velmar.com.mk
Исто така можете да не контактирате и на телефон: 070/ 382-521 во периодот од 9 часот до 16 часот.